Кристијано Роналдо реши уште еднаш да им покаже на жените зошто е еден од најсексапилните фудбалери, овојпат во реклама за Nike.
Рекламата го покажува 25-годишниот фудбалер во соблекувалната додека се подготвува пред натпревар. Потоа, во неколку сцени Роналдо облечен само во шорцеви на Nike добива помош за да ја преврзе неговата нога, а на крајот е меѓу своите обожавателки кои се обидуваат да добијат негов автограм.
Слоганот на рекламата е Escreve O Futuro, што значи „Пишувај ја иднината“.
Во моментов Роналдо е во Јужна Африка, каде што ја предводи португалската репрезентација на Светското превенство во фудбал. Во понеделник, репрезентациите на Португалија и Северна Кореја ќе си ги одмерат силите во Кејптаун.