Речиси на сите свои концерти, Каролина Гочева со емоции се сеќава на својот драг пријател Тоше Проески и во негова чест изведува негови хитови.
Синоќа, на концертот „The Stars Symphony“ во Битола, 44-годишната пејачка ја освои публиката со изведба на песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“.
„Ова е песна која ја пеам на речиси сите мои концерти, бидејќи ја чувствувам како своја и бидејќи ме враќа на едно многу убаво и безгрижно време пред 20 и нешто години. Песна којашто сите ја знаеме и сите ја сакаме“ – рече таа пред да започне со прекрасната изведба.
Видео:
Каролина продолжи да ја разнежнува публиката со „Немир“ – единствениот дует кој го сними со Тоше.
Видео:
Фото: Александар Василевски / Femina.mk