Објавен е официјалниот трејлер за новиот филм „Barbie“ на Грета Гервиг, во кој Барби и Кен ќе се упатат на заедничка авантура.
Главните ликови Марго Роби и Рајан Гослинг ќе бидат принудени да се соочат со реалниот свет и ќе влезат во мала неволја.
Имено, поради непознати причини, Барби ќе ја изгуби совршената фигура и ќе биде протерана од идиличниот Барбиленд. Таа ќе мора да замине на патување во реалниот свет и да ја открие вистината за универзумот, а на половина пат, ќе дознае дека има придружник скриен во нејзиниот автомобил.
„Откако ќе ја избркаат од Барбиленд затоа што е недоволно совршена кукла, Барби се упатува во човечкиот свет за да ја пронајде вистинската среќа“ – пишува филмската екипа.
Погледнете го забавниот трејлер: