Ештон Качер и ќерката на Деми Мур и Брус Вилис, Скаут, направија интересен дует и го поставија на YouTube.
Во домашното видео Ештон свири на гитара и ги пее пратечките вокали, а 19-годишната Скаут пее песна што тие двајцата ја напишале.
„When I wake up in the morning/ You're the first thing I think about/ As I stumble down the staircase/ I know that I couldn't live a day without you/.../I'm addicted, think it's sickness/ When you're not here I'm always a mess/ You're the weapon against the sandman feel so warm in my hand/“ – се вели во песната.
И пред да си помислите дека можеби Ештон ја напишал песната за Деми Мур, треба да знаете дека веселиот сингл е насловен како „My Sober“ и ја искажува нивната голема љубов кон кафето.