Деми Мур сигурно е љубоморна... Холивудскиот актер Ештон Качер позираше до сексапилната Алесандра Амбросио за најновата кампања на модниот бренд Colcci.
На фотографиите снимени од Стивен Клајн, прекрасната манекенка облечена во џинс од глава до пети лежи со раскопчана кошула, а Ештон љубопитно гледа во нејзиното извајано тело.
На други фотографии, Качер и Амбросио се фотографирани одделно. Фотографиите ќе бидат дел од рекламната кампања на познатиот бренд за сезоната есен/зима.
Colcci е бразилски моден бренд кој секогаш знае да го привлече вниманието на јавноста на модната недела во Сао Паоло, благодарение на шоуто во кое учествуваат многу славни личности. Пред Алесандра, рекламно лице на брендот беше Жизел Бундхен.
Ова не е прв пат бившиот модел Ештон да учествува во рекламна кампања за фармерки. Тој пред неколку години беше рекламно лице на Pepe Jeans.