Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бритни Џонс: „Имав секс со Ештон Кучер на неговиот кауч“

Бритни Џонс: „Имав секс со Ештон Кучер на неговиот кауч“

Насловна од списанието StarНасловната на списанието Star

Американското списание Star објави вест дека Ештон Кучер ја изневерил својата сопруга Деми Мур со 21-годишна бринета.

Но, ова не е прва вест што може да ја разниша долгогодишната врска на познатиот холивудски пар. Само пред неколку недели истото списание го обвини Ештон дека се бакнувал со млада русокоса во ресторан. Се разбира, Ештон остро негираше дека овие вести се вистинити.

Сепак, списанието тврди дека има докази за неверството на 32-годишниот актер, објавувајќи дел од интервјуто Бритни Џонс, жената којашто тврди дека спиела со Кучер.

Во текот на интервјуто, Бритни тврдела дека го сретнала Ештон во јули, кога тој заедно со Деми и нејзината ќерка биле на куглање. Таа наводно му дала салфетка со својот број и оттогаш тој започнал да ѝ праќа SMS пораки. По разменувањето на неколку пораки, таа го запрашала дали сака да се најдат некаде и се договориле да се сретнат.

Според нејзините зборови, се сретнале со Ештон за да имаат секс додека Деми Мур не била во градот.

Водевме љубов на каучот. Тој е одличен љубовник, многу внимателен и сладок. И тоа беше многу специјален момент за мене. Се чувствував целосно удобно во неговите раце.

Бритни Џонс

Адвокатот на Ештон побрза да ги негира тврдењата на младата Џонс изјавувајќи за Us Magazine: „Списанието Star непрекинато објавува лаги за Ештон Кучер и други славни личности“.

Кучер и 47-годишната Мур за прв пат се сретнаа во 2003г., а на 24 септември ќе ја прослават 5-годишнината од својот брак.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19721 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.