Вил Смит го промовира првиот филм по големиот скандал на Оскар 2022, кога се качи на сцената и му удри шлаканица на Крис Рок.
54-годишниот актер ја доби поддршката од целото свое семејство на премиерата на новиот филмски проект „Emancipation“, која се одржа во Лос Анџелес.
Смит во костум во бургундец нијанса позираше со сопругата Џејда и трите деца Треј, Џејден и Вилоу на црниот тепих.
51-годишната актерка избра волуменозен бел фустан со ролка.
Шлаканицата на Оскар следуваше откако Крис направи невкусна шега за ќелавата глава на Џејда која страда од алопеција. Вил подоцна се покаја за постапката и му испрати јавно извинување на Крис.
Таа ноќ, Вил доби Оскар за најдобар актер, но по инцидентот доби 10-годишна забрана од Академија за филмски уметности и науки.