Барак Обама ја награди Елен Деџенерис со почесниот Медал на слободата. На свеченоста во Белата куќа, 58-годишната водителка не можеше да си ги задржи солзите додека го слушаше говорот одржан во нејзина чест.

„Во кариера која трае три децении, Елен Деџенерис ги разведруваше нашите духови и носеше радост во нашите животи како стенд ап комедијантка, актерка и телевизиска ѕвезда. Во секоја улога, таа нè потсетува да бидеме љубезни еден кон друг и да се однесуваме со луѓето онака како што сакаме тие да се однесуваат со нас. На клучни моменти, со нејзината храброст и искреност помогна да се променат умовите и срцата на милиони Американци, забрзувајќи го стремежот на нашата нација кон еднаквост и прифаќање на сите. Повторно и повторно, Елен Деџенерис ни покажува дека една единствена индивидуа може да го направи светот позабавно, поотворено и полно со љубов место, додека ние продолжуваме да пливаме“ – вели спикерот во говорот кој ја расплака Елен.
ВИДЕО:
Овој почесен медал е највисокото признание кое еден жител на САД може да го прими, па сосем разбирливи се емоциите кои извираа од популарната водителка.



Повеќе личности добија Медал на слободата од претседателот на САД, меѓу кои и Бил и Мелинда Гејтс, Том Хенкс, Роберт де Ниро, Дијана Рос, Брус Спрингстин, Роберт Редфорд и Мајкл Џордан.





