Ал Џезира Балкан го објави документарниот филм „Šest sati do neba“ (Шест часа до небото) за непреболениот Тоше Проески.
Видеото открива факти за огромниот успех на музичката ѕвезда на Балканот, како и за трагичната несреќа која прерано го прекина неговиот живот. Пријатели и соработници на Тоше раскажуваат за неговите први чекори во музичкиот свет, за неговото брзо искачување кон врвот и за неговите особини кои го врежаа во срцата на милиони фанови.
Зборовите на Игор Џамбазов на крајот на видеото нема да ве остават рамнодушни...
“
„Вечерва се виде дека е можно човек да има сè, а да нема ништо. Велат дека луѓето живеат онолку долго колку што ги споменуваме, а тебе вечно ќе те споменуваме. Ти почина без да умреш. А ние откако ја слушнавме страшната вест, умревме без да починеме. Летај по небото, ѕирни понекогаш од зад облаците и појави ни се како најсилна светлина, ангелу наш недоисплакан. Нека ти е вечна слава.“