Двејн Џонсон и Дени ДеВито им подарија незаборавен дует на младенци откако упаднаа на нивната свадба во Мексико.
Славните актери, кои моментално го промовираат заедничкиот филм „Jumanji: The Next Level“, ненајавено влегоа на свадбена прослава и заедно ја отпеаја „Unforgettable“.
„Им честитам на прекрасната невеста Кристин и нејзиниот згоден младоженец Вил. И на нивните четири деца Рајан, Мејсон, Еди и Макс. Прекрасно семејство“ – напиша славниот актер и сподели видео од несекојдневната случка.
