Даниел Кајмакоски покажа дека ниту една задача не е претешка за него во „Твоето лице звучи познато“ и заслужено доби место меѓу петте финалисти.
Во синоќешното полуфинале, македонската ѕвезда се претстави со два хитови на Мајкл Џексон, „Dirty Diana“ и „Thriller“. Со пофалбите на жирито се согласи и публиката која испрати многу гласови на адреса на Даниел, за тој да стигне до последниот предизвик пред прогласувањето на победникот во шоуто.
Покрај Даниел, во финалето ќе ги видиме и Каја, Ивана Петерс, Никола Роквиќ и Неша Бриџис. Следната недела ќе биде официјално објавено името на победникот, кој ќе добие 25.000 евра за хуманитарни цели.