Во текот на својата турнеја, Бритни Спирс на секој концерт качуваше по еден маж на сцена, танцуваше зад него на стриптиз шипка и го „прегрнуваше“ со нозете.
На концертот во Њујорк, честа да се најде на сцена му припадна на никој друг, туку на нејзиното момче, Џејсон Травик.
Облечена во секси облека со чипка, 29-годишната пејачка заводливо танцуваше зад Џејсон пред да ги стави нозете на неговите рамена. А потоа, смешкајќи се изјави: „Тој никогаш повеќе нема да се врати!“
Неодамна Бритни изјави дека Џејсон можеби е оној вистинскиот. „Многу ни е убаво кога сме заедно. Тој знае да ме насмее и се чувствуваме толку добро еден до друг“ – изјавила таа.