Концертот на Бијонсе во Перт ќе остане засекогаш врежан во сеќавањата на Софи Коткис. На 13-годишното девојче му се исполни една од најголемите желби.
Софи, која е слепа и има здравствени проблеми со мускулите и слушањето, запеа заедно со Бијонсе и несомнено ги стопли срцата на 15-илјадната публика.
За време на концертот, Бијонсе издвои време за неизмерно да ја усреќи Софи. Таа клекна на сцената за да може накратко да поразговара со малото девојче и заедно да ја започнат „Irreplaceable“.

Изненадувањето било подготвено од поголемата сестра на Софи. „Таа немаше поим дека ќе пее со неа. Беше неверојатно. Бијонсе ѝ е омилена пејачка. Ова беше многу важно за мене, бидејќи има многу нешта во животот кои Софи не може да ги прави, но таа ја сака музиката, обожава да танцува и сака да пее, а ова беше нешто со кое му покажав на светот колку неверојатна е таа“ – изјавила Ели.
Ели открила дека и покрај проблемите, Софи има собрано повеќе од 1.000 долари за луѓе со мултиплекс склероза. „Го кажав тоа на видео и само реков дека некој кој е толку неверојатен како Софи заслужува да се сретне со некој кој е толку прекрасен како тебе (Бијонсе)“ – раскажала Ели за PerthNow.