Анџелина Џоли добива громогласни аплаузи за портретирањето на грчката оперска дива Марија Калас во новиот филм „Maria“.
49-годишната актерка со својата маестрална глума на одличен начин го доловува животот на Калас по повлекувањето од гламурозниот и бурен живот кој го водеше пред очите на јавноста и нејзиното враќање во Париз.
Филмот ги следи деновите пред нејзината смрт на 53-годишна возраст во 1977 година.
Режисерот Пабло Ларејн откри дека Џоли долго време се подготвувала за оваа улога. Таа посетувала часови за држење, дишење и за акцент, а најмногу се посветила на пеењето.
„Енџи мораше да носи слушалка и да пее гласно на сетот. И немаше друг звук освен нејзиниот глас. Понекогаш во филмот го слушаш најмногу пеењето на Калас, што е нормално, бидејќи ова е филм за неа. А потоа, има дел од филмот кога се слуша најмногу Енџи. Понекогаш е 5 проценти, понекогаш 50, а понекогаш 70“ – рекол Ларејн.
Џоли вели дека отсекогаш пеењето ѝ било голема несигурност, но е среќна што го прифати овој предизвик и оваа улога.
„Сè уште ми е нереално. Пред неколку дена ми се јавија дека излегува албумот, а мене сè уште не ми се верува. Пеењето ми беше една од најголемите несигурности, сè уште ми е несигурност. Но, среќна сум што можев да ги имам сите тие часови, што можев да учам, да бидам тренирана и поддржувана.“
„Всушност, ги охрабрувам сите. Ако мислите дека не можете да пеете или ако никогаш не сте пробале, едноставно одете на час и запејте на цел глас барем еднаш во животот. Тоа ти дава многу големо ослободување“ – рекла таа.