Не треба да пропуштите да го погледнете најновиот спот на Кери Пери за „Firework“, затоа што самиот спот и мелодијата многу позитивно влијаат на расположението.
Спотот е сниман во Будимпешта, а освен Кети Пери во него учествуваат и стотици нејзини обожаватели.
„Секој може да биде огномет. Само треба да ја запалите искрата во себе. Оваа песна најверојатно ќе ми биде омилена од албумот“ – изјавила Кети.
Со овој спот Кети Пери се вклучува во кампањата „It Gets Better“ со која славните личности се борат против малтретирањето.
„Firework“ е трет сингл од „Teenage Dream“, најновиот албум на 26-годишната пејачка.