Пријателството на Џулија Робертс и Џорџ Клуни е силно и нераскинливо.
54-годишната актерка му ја даде својата поддршка на 61-годишниот актер на првото доделување на „Justice Albie Awards“, кое го организираше тој заедно со неговата сопруга Амал.
На црвениот тепих во Њујорк, Џулија шармираше во елегантен стајлинг од Burberry.
Џулија и Џорџ моментално го промовираат новиот заеднички филм „Ticket to Paradise“. Славните актери се зближија во 2001 година на снимањето на „Ocean’s Eleven“ и до ден-денес негуваат цврст пријателски однос.