Ванеса Брајант беше наградена за нејзината посветеност и хуманитарна работа. Непрофитната организација Baby2Baby ѝ ја додели наградата „Giving Tree“ на церемонија која синоќа се одржа во Калифорнија.
На свеченоста, 39-годишната Американка блесна во гламурозна креација од Памела Роланд.
Ванеса беше придружувана од трите ќерки. На црниот тепих таа позираше со
Сопругата на прерано починатиот Коби Брајант на почетокот на својот говор истакна дека многу ѝ недостига нејзиниот „совршен партнер“.
Легендарниот кошаркар Коби и нивната 13-годишна ќерка Џиана починаа во хеликоптерска несреќа на почетокот од минатата година.