Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бјанка Балти ја покажа лузната од операцијата поради рак на јајници: „Храброст за оние како мене“

Бјанка Балти ја покажа лузната од операцијата поради рак на јајници: „Храброст за оние како мене“

Бјанка Балти ја води најтешката битка во својот живот, но не ја симнува насмевката од своето лице.

Италијанската манекенка ги покажа лузните од операцијата поради рак на јајниците, кој ѝ бил дијагностициран на почетокот од минатиот месец.

40-годишниот модел позира без облека и со кратка коса.Таа претходно имаше споделено дека започнува со хемотерапија на 14 октомври.

Бјанка Балти

„Опоравувањето се одвива добро и на 14 октомври започнувам со хемотерапија. Среќна сум, бидејќи сега ќе можам да започнам со планирање. Обожавам да правам планови. Ви благодарам за убавите пораки. Добра сум. Не се грижете за мене. Јас не сум загрижена“ – изјавила Бјанка.

Бјанка Балти Бјанка Балти Бјанка Балти Бјанка Балти Бјанка Балти

Бјанка не ја криеше дијагнозата од своите фанови и објави пост на Instagram за да ја сподели оваа вест:

Минатата недела, отидов на доктор и открив дека мојата болка во долниот дел од стомакот е рак на јајниците во трет стадиум. Оваа седмица беше полна со страв, болка, солзи, но најмногу љубов, надеж, смеа и сила.

Имам долго патување пред мене, но знам дека ќе го победам ова. За мене, за моите најсакани (ќерките ми се на врвот на листата), и за сите вас на кои ви треба сила, можете да позајмите дел од мојата, бидејќи имам многу.

Животот се случува, дајте му причина. Засега, ракот ми даде шанса да најдам убавина низ животните предизвици.

Во 2022 година, Балти откри дека го носи мутираниот ген BRCA1, кој значително го зголемува ризикот за развој на рак на дојки и јајници. Тогаш, таа направи превентивна операција за отстранување на градите.

Бјанка Балти Бјанка Балти Бјанка Балти

Бјанка има две ќерки. Едната од поранешниот брак со Кристијан Луциди и една со сегашниот сопруг Метју Мекреј.

Бјанка Балти

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20990 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.