Меган Фокс ужива и во четвртата бременост.
38-годишната актерка, која го очекува првото дете со Машин Ган Кели, го истакна пораснатото трудничко стомаче на отворањето на празничната продавница на FWRD и REVOLVE во Лос Анџелес. Ова е прво појавување во јавност на ѕвездата од „Transformers“ по откривањето на веста дека е бремена.
Меган нежно си го прегрнуваше стомачето додека позираше во продавницата. Таа носеше потполно проѕирен фустан во бургундец нијанса. Својот изглед, таа го комплетираше со кожен мантил во истата нијанса.
Фокс веќе има три деца од бракот со бившиот Брајан Остин Грин. Таа се раздели со него во 2020 година, а по кратко време започна врска со Машин Ган Кели. Тие се верија во 2022 година, а пред две недели споделија дека го очекуваат првото заедничко дете.
Кели, чие вистинско име е Колсон Бекер, има 15-годишна ќерка од претходна врска.