Иако има само 12 години, Нела Манческа поседува фантастичен глас со кој одушевува кога и да запее.
Младата македонска пејачка настапи на хрватското шоу „Суперталент“ и фасцинираше со изведбата на песната „I Have Nothing“ од Витни Хјустон.
По завршувањето на изведбата, Нела доби голем аплауз од публиката и освои четири „ДА“ од судиите.
Погледнете го нејзиниот настап ТУКА:
Нела има снимено и видео во кое ја изведува „I Have Nothing“ од Витни Хјустон.
Нела ја освои главната награда „Гран при“ на фестивалот „Песните на Тоше Проески“, кој минатиот месец се одржа во Скопје.