Блејк Лајвли непрекинато одушевува со својот стилски избор за холивудските свечености, па секој нејзин чекор е будно следен и оценуван од модните критичари.
29-годишната актерка присуствуваше на ревијата на Мајкл Корс во Њујорк заедно со својата сестра Робин. Облечена во цветен фустан од Корс со тенок бел колан, таа привлекуваше погледи на модниот настан.






За време на модното шоу, Блејк седеше во првиот ред до Ана Винтур, главната уредничка на „Вог“.







Истиот ден, холивудската ѕвезда беше фотографирана во црно-бел стајлинг додека го напушташе својот хотел.







