Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го добија своето прво дете. Според информации до кои дојдоа американските медиуми, 27-годишната актерка се породила пред Нова година.
Иако породувањето се случило порано од планираното, мајката и бебето биле во добра здравствена состојба.
Лајвли никогаш не ја криела желбата за големо семејство. „Отсекогаш сум сакала големо семејство. Ох, би сакала 30 деца кога би можела“ – изјави таа во интервју за „Allure“.
Блејк и Рајан стапија во брак во септември 2012 година. Во октомври минатата година таа објави дека е бремена, споделувајќи фотографии од трудничкото стомаче.
Надополнето: Наводно новороденчето е девојче.