Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го чуваат својот личен живот подалеку од медиумските лупи, но понекогаш не можат да ги избегнат папараците.
Славната холивудска двојка беше фотографирана за време на прошетка во Њујорк. 29-годишната актерка ја туркаше количката со малата Инес, додека 40-годишниот актер ја носеше на рамена слатката Џејмс.






Филмските ѕвезди за првпат ги покажаа во јавност своите ќерки пред три месеци, кога Рајан доби ѕвезда на холивудската Патека на славните.


Рајан и Блејк стапија во брак на 9 септември 2012 година.