Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бијонсе отворено за болката и тагата од спонтаниот абортус

Бијонсе отворено за болката и тагата од спонтаниот абортус

Веднаш по раѓањето на Блу Ајви, гордиот татко Џеј-Зи ја објави песната „Glory“. Во неа, освен што ја опиша среќата од станувањето родител, тој откри дека Бијонсе претходно имала спонтан абортус.

По долго молчење, Бијонсе за првпат отворено ќе зборува за тагата од загубата на бебето во документарниот филм „Life Is But a Dream“, кој треба да се појави во текот на февруари.

„Пред две години, бев бремена за првпат. Го слушнав чукањето на неговото срце, а тоа беше најубавата музика што сум ја слушнала во животот“ – раскажала Бијонсе.

Како и сите други идни родители, таа и Џеј-Зи биле пресреќни. „Избирав имиња. Си замислував како ќе изгледа моето дете... Ја чувствував мојата мајчинска страна“ – рекла таа во документарецот.

Бијонсе

Но, во првите месеци од бременоста нешто се случило и на еден од гинеколошките прегледи веќе не се слушало чукањето на бебешкото срце. „Долетав во Њујорк за да одам на преглед – и немаше чукање на срцето. Буквално една недела претходно бев на доктор и сè беше во ред, но тогаш, не се слушаше срцето“ – раскажала таа.

Големата болка Бијонсе ја лечела преку музиката. „Отидов во студио и ја напишав најтажната песна која ја имам напишано во животот. Тоа беше првата песна која ја напишав за мојот албум. Тоа беше најдобрата форма на терапија за мене, затоа што тоа беше најтажното нешто низ коешто имам поминато“ – рекла таа.

Кога Бијонсе забременила со Блу Ајви, била пресреќна. „Да си бремена е исто како да се заљубуваш. Толку си отворена. Пресреќна си. Нема зборови кои можат да опишат како е да расте бебе во тебе“ – објаснила таа.

Џеј-Зи и БијонсеЏеј-Зи и Бијонсе на инаугурацијата на Обама

Во документарниот филм Бијонсе зборувала и за гласините дека воопшто не била бремена и дека Блу Ајви е родена со мајка сурогат.

„Има глупави гласини. Најглупавите кои ги имам слушнато за мене. Лудост е да си мислат дека сум толку празна. Ги почитувам мајките и жените толку многу. Никогаш не би ја зела здраво за готово можноста да донесеш дете на овој свет. Тоа е најмоќното нешто што можеш да го направиш. Особено по загубата на дете и болката и траумата од тоа, уште повеќе се зголемува важноста на можноста да донесеш живот на овој свет. Ми изгледа дека луѓето би требало да имаат граници“ – појаснила таа.

Во последниот трејлер за документарниот филм, Бијонсе го покажа трудничкото стомаче и снимка од прегледот со ултразвук, со што најави дека филмот ќе навлезе длабоко во нејзината приватност.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.