Бијонсе ја документира својата бременост преку импровизирани фотосесии кои редовно ги споделува со своите фанови.
35-годишната ѕвезда, која е бремена со близнаци, објави фотографии на кои е дотерана за вечерно излегување со сопругот Џеј Зи. Облечена во тесен фустан од Никол Милер и обувки од Гучи, популарната пејачка позира самоуверено.





На една од фотографиите, малата Блу Ајви го прегрнува пораснатиот стомак на мајка си.





