Ирена Србиновска и Локи Гилберт ќе станат родители. 32-годишната медицинска сестра од Мелбурн, која потекнува од Битола, го очекува првото дете со „ергенот“ Локи Гилберт.
Ирена победи во осмата сезона од австралиското реално шоу „The Bachelor“ освојувајќи го срцето на згодниот Локи и е пресреќна што ќе го прошират нивното семејство.
„2023 е година на изненадувања и сега Локи и јас сме пресреќни што го споделуваме најголемото изненадување во нашите животи – очекуваме нов член во нашето семејство.“
„Додека се радуваме на нашата среќа, длабоко сочувствуваме со сите оние кое се соочуваат со неплодност или претрпеле загуба. Откако и самите се движевме низ емотивниот ролеркостер, ги подаваме рацете и срцата на оние кои минуваат низ истиот пат. Среде животните бури, се надеваме дека наскоро ќе го најдете вашето виножито“ – напиша Ирена, која двапати претходно имала доживеано спонтан абортус - еднаш во 2021 година и еднаш на почетокот од оваа година.
„Виножито-бебе“ е бебе родено од мајка која претходно имала спонтан абортус, родила мртво бебе или ѝ починало новороденче. (По бура се раѓа прекрасно и светло виножито, кое дава надеж дека сè ќе биде подобро, а токму оттаму потекнува идејата за концептот „виножито-бебиња“.)
Ирена и Локи се запознаа во 2020 година, а стапија во брак во март оваа година. Парот сега очекува ќеркичка.