Ирена Србиновска успеа да го освои срцето на „ергенот“ Локи Гилберт и победи во осмата сезона од австралиското реално шоу „The Bachelor“.
По завршувањето на таа сезона во 2020 година, Ирена и Локи ја продолжија љубовната романса, а сега нивната љубов ја крунисаа со брак.
Викендов, парот се венча на церемонија во Мелбурн. Тие ги изненадиле сите присутни гости, кои мислеле дека всушност ќе прославуваат за нивната свршувачка.
„Нашите гости мислеа дека присуствуваат на забава за нашата веридба. Беше неверојатно специјален момент кога сфатија дека всушност ќе бидат сведоци на нашата свадба“ – изјавила Ирена за списанието Who, кое ги објави фотографиите од прославата.
33-годишната невеста, која има потекло од Битола, носеше нежна венчаница и долг превез.