Ирена Србиновска победи во осмата сезона од австралиското реално шоу „The Bachelor“.
31-годишната девојка која живее во Мелбурн, а потекнува од Битола, го освои срцето на ергенот Локи Гилберт. Од десетината дами кои учествуваа на шоуто, Локи ја избра токму Ирена за своја партнерка.
„Ирена, секојпат кога сум со тебе се чувствувам безбедно и заштитено, а тоа е чудно, бидејќи сум навистина голем маж и тоа е ново чувство за мене. Знам дека ќе бидеш прекрасна девојка, сопруга и мајка, ти си сè. Кога размислувам за нашата заедничка иднина, толку сум возбуден и едвај чекам да го пропатувам светот со тебе и да ти ги остварам сите соништа. Многу сум вљубен во тебе“ – со овие зборови Локи ѝ ги откри своите чувства на Ирена.
Ирена е медицинска сестра и љубителка на животните. Таа обожава активности во природа и планинарење, па несомнено со Локи имаат бројни заеднички интереси.
„Кога Локи ме гледа, се топам“ – вели Ирена. „Си го најдов мажот од соништата. Конечно го имам само за мене“ - додава таа.
Од сите девојки кои учествуваа на шоуто, Локи најмногу хемија почувствувал со Ирена.