Зои Кравиц привлекуваше погледи во впечатлива креација на премиерата на „The Batman“ во Њујорк.
33-годишната актерка зачекори на филмскиот настан во фустан инспириран од Жената-мачка, ликот кој го глуми во новиот суперхеројски филм.
Креацијата е дело на модната куќа Оскар де ла Рента.
На свеченоста, Зои позираше со Роберт Патинсон, кој влезе во улогата на Бетмен.