Барбара Поповиќ со енергичен настап ја разгори сцената на српското шоу IDJ Show и заврши на второто место.
Во финалето на регионалниот музички натпревар, 23-годишната пејачка носеше црно светкаво боди додека на сцената ја пееше песната „Vatrena“, напишана од Дарко Димитров. За настапот, таа доби бројни комплименти, но не успеа да се искачи на челната позиција.
Првото место ѝ припадна на Џана Смајо, додека Тома Миловановиќ заврши како третопласиран.
Барбара најголеми симпатии освои со изведбата на „Зајди, зајди“.