Почетна » Новости » Актуелно » Добра вест: 10 пациенти денес ќе бидат испишани, сите преживеани кои се лекуваат во Македонија се стабилни

Добра вест: 10 пациенти денес ќе бидат испишани, сите преживеани кои се лекуваат во Македонија се стабилни

Министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференција соопшти дека се движи во позитивен правец лекувањето на пациентите во Македонија кои настрадаа во пожарот во Кочани.

Десет пациенти денес ќе си заминат дома кај нивните семејства додека вчера биле испишани уште три.

Арбен Таравари

Еве дел од изјавата на министерот Таравари:

„Бројката на пациенти коишто се лекуваат моментално се 162.“

„Добра вест што сакам да ја споделам е дека 10 од пациентите коишто лежат во државата ќе бидат испишани. Вчера имаше 3 пациенти коишто ги испишавме. Моментално во Клинички центар лежат 25 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ лежат 12, во Градската општа болница 11 и во Штип 1 пациент. Значи исписи имаме 1 пациент од Штип, 1 пациент од Детска хирургија, 3 од Торакална хирургија. Во „Систина“ и „Жан Митрев“ вкупно се лекуваат 9 пациенти, од нив 5 денеска се испишуваат.“

Тој објави и во кои држави се лекуваат повредените во пожарот и каква е нивната состојба.

„115 пациенти се на лекување надвор од државата. Во Србија има 30 од коишто двајца веќе се екстубирани, во Бугарија има 15 пациенти од коишто тројца се веќе екстубирани. Сите се во стабилна состојба, но некои се покритични. Во Грција 12 од коишто двајца се критични. Во Турција веќе шест пациенти се екстубирани коишто се лекуваат во Анкара, а шест има и во Истанбул. Во Шпанија се 7 пациенти, во Австрија 5, во Унгарија се 6 пациенти, Хрватска се 5 пациенти, Словенија се 4 пациенти од кои 3 се во посериозна состојба, Литванија се 4 пациенти од кои 1 е екстубиран, Белгија се 4 пациенти и сите се во стабилна состојба, Италија се 4 пациенти коишто се веќе на нога, Шведска се 4 пациенти и во Полска се двајца пациенти од коишто само едниот е интубиран.“

„Веќе ниту еден пациент нема да се праќа надвор од државата. Сите се во стабилна состојба“ – рече тој.

Министерот утрово одржа средба со странските доктори кои помагаат во третманот на повредените, како и со Аким Али, претставник на СЗО во државава.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 24055 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.