Волонтери од Кочани започнаа мисија за да им помогнат на семејствата на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Иван Ивановски, Ненад Вржалски и повеќе други доброволци изработија интернет страница (supportkocani.com) на која секој од нас може да донира средства директно на банкарските сметки на семејствата. Целта е што побрзо да им се помогне на овие лица, кои се наоѓаат во различни земји.

Секој податок достапен на страницата бил внимателно проверен пред да биде објавен за да се спречат злоупотреби и измами.
„Проблем: Не стигнуваат пари до фамилиите кои им се потребни. Обично оди споро преку GoFundMe... Црвен Крст... бројот за помош. Решение: Креираме централизиран систем каде што ќе бидат излистани сите повредени и нивната локација, со телефон на родител за контакт и сметка. Ќе може секој во банка директно да им пушти средства“ – пишуваат тие.
Голем дел од повредените веќе имаат добиено средства преку сајтот supportkocani.com.
„Оваа страница содржи податоци за индивидуални сметки на децата повредени во трагедијата што го погоди Кочани. Сите податоци се објавени со доброволна согласност од родителите или нивните блиски“ – стои на страницата.
Како да донирате?
При донацијата, користете ја шифрата 562 која е за уплати за донации. По донацијата, испратете screenshot со името на лицето и износот на Viber: 078 301 041. ВАЖНО: Бројот е само за испраќање на screenshot - на него не може да се донира!
Донации од странство
Во моментов, донациите од странство не се овозможени, но активно работиме на решение.
Заштита на приватноста
Приватноста на сите донатори е загарантирана. Ќе биде објавен само износот на донацијата – без лични податоци.
