Во трагични моменти, не смееме да го заборавиме основниот принцип на човечност и најважно од сè е да пристапуваме со внимателност и емпатија.
По трагедијата во Кочани, Никола Перевски-Пере од Нокаут испраќа силна порака која нè потсетува на важноста на молчењето, сочувството и поддршката во најтешките мигови од животите на засегнатите.

ЌУТИ КОГА БОЛИ
Луѓето знаат да гледаат.
Знаат да гледаат директно
во туѓата несреќа.
Да кликнат,
да коментираат.
Да се насладуваат на туѓиот пекол
додека грицкаат нешто мрсно од кеса.
Но, знаеш што не знаат?
Да молчат кога е потребно.
Да ја спуштат главата кога незнаат,
кога немаат поим.
Да се тргнат настрана кога болката не е нивна.
Да ги остават луѓето да ги закопаат своите деца
без блиц, шепоти и евтини анализи.
Не барам чуда.
Не барам свет
без врева.
Барем за тие неколку дена,
Бидете луѓе.
Не таблоиди.
Не ловци на туѓа трагедија.
Не доктори за сè и сешто.
Само луѓе.
Со душа,ако ни остана.
Затоа што ако го прокоцкаме и тоа -
Нема ни што да се свири веќе.
Никола Перевски
