Новиот филм на Бред Пит и Џорџ Клуни несомнено разбуди голем интерес кај љубителите на акционите комедии, а сега стана хит и на Балканот.
Во една од објавените сцени од „Wolfs“, Бред ја упатува кон Џорџ пцовката која е добро позната на нашите простори: „Пи*** мате***“.
Холивудските шармери се „фатени“ во свадбен танц каде се појавува и хрватскиот актер Златко Буриќ, кој глуми руски мафијаш. Во еден момент тие насочуваат пиштоли еден кон друг, по што Пит му пцуе на Клуни.
Филмот следи двајца професионалци (Бред и Џорџ) кои се ангажирани да расчистат и сокријат големо криминално дело. Иако не се соработници, тие се принудени да работат заедно.