Софија Вергара ги насочи погледите кон себе кога се појави на синоќешното доделување на Еми наградите во Лос Анџелес.
52-годишната актерка изгледаше атрактивно во црвен тесен фустан со длабоко деколте од Долче и Габана. Својот изглед, ѕвездата од „Modern Family“ го надополни со накит од Картие.
На црвениот тепих, Софија позираше со својата братучеда Паулина Давила, која глуми заедно со неа во „Griselda“. Токму за улогата во оваа серија, Вергара беше номинирана за наградата Најдобра актерка во лимитирана серија или филм.