Анџелина Џоли продолжува со промотивната турнеја за новиот филм „Maria“, во кој ја глуми покојната оперска дива Марија Калас.
47-годишната актерка беше фотографирана во Њујорк по Q&A настан за новиот филмски проект. Таа изгледаше елегантно во сатенски фустан и темно палто.
Џоли беше пресретната од обожавател кој ѝ побара автограм, а потоа ѝ подаде да се потпише на постер од неа со бившиот Бред Пит од нивниот заеднички филм „Mr. & Mrs. Smith“.
Анџелина поднесе барање за развод од Пит во 2016 година. Тие заедно имаат три биолошки и три посвоени деца.