Анџелина Џоли продолжува со промоција на новиот филм „Maria“, во кој ја портретира покојната оперска пејачка Марија Калас.
На премиерата во Лондон, 49-годишната актерка носеше црн костум со складен елек и кратки чизми.
На филмскиот настан беше присутен и раперот Акала, за кого се шпекулира дека е во врска со Џоли.
Анџелина и Акала повеќепати беа „уловени“ заедно од папараците, но сè уште ја немаат јавно потврдено нивната романса.