Антонио Бандерас денес го слави 60-тиот роденден, но во карантин. Славниот актер објави дека е позитивен на новиот коронавирус и дека е во изолација.
„Се чувствувам релативно добро, само поуморен од вообичаено“– пишува тој во пораката со која ги уверува фановите дека има лесна форма на болеста КОВИД-19.
Исто така, тој додава дека ќе го искористи времето во изолација за учење, пишување и одмор, а објави и фотографија од детството.
Бандерас е во врска со Никол Кимпел.