Антонио Бандерас организираше хуманитарна гала вечер во Марбеља на која присуствуваа бројни славни личности.
58-годишниот актер беше придружуван од својата девојка Никол Кимпел. 37-годишната Никол носеше долг црвен фустан и гордо позираше покрај саканиот.
На дел од фотографиите, со нив позира и сестрата близначка на Никол.
Антонио и Никол ја започнаа својата врска во 2014 година, кратко време откако тој се разведе од Мелани Грифит.
На свеченоста присуствуваа и Оливија Палермо и актерот Џон Корбет, кој го глумеше Ејдан во „Сексот и градот“.