Тејлор Хил има за што да се радува. Ангелот на Victoria’s Secret го прифати предлогот за брак од момчето Даниел Фрајер.
Запросувањето се случи за време на нивниот одмор во Италија.
25-годишниот модел сподели фотографии од романтичниот момент и го покажа вереничкиот прстен.
„Мојот најдобар пријател, мојата сродна душа. Ќе те сакам засекогаш“ – напиша таа во описот на Instagram.