Кендис Сванапул се породи. Убавиот ангел на Victoria’s Secret и нејзиниот вереник Херман Николи станаа родители на момче кое го доби името Анака.
Анака е прво дете на 27-годишната манекенка и 34-годишниот бразилски модел.
Фотографот Џером Дуран на Instagram сподели фотографија на која Кендис е бремена и позира гола. Во описот тој напиша: „Најубавата МАМА. Честитки. Добредојде Анака. Веќе има толку многу љубов за тебе во семејството“.
Во текот на бременоста, Сванапул постојано споделуваше фотографии од своето трудничко стомаче.
Славните модели започнаа да се состануваат во 2005 година, а се верија во август минатата година.