Откако беше објавено дека Беати Принсло е бремена, уште еден ангел на Victoria’s Secret може да се пофали со истата среќна вест. Кендис Сванапул и Херман Николи го очекуваат своето прво дете.
Славната манекенка со фотографија објави дека на пат е бебе-ангел.

„Тие се многу среќни. Планираат да го поминат летото во Њујорк. Таа е многу возбудена“ – рекол извор близок на парот за E!Online и додал дека атрактивната манекенка е во третиот месец од бременоста. „Кендис и Беати се најдобри пријателки. И двете ги искусија првите фази од бременоста заедно и се среќни што се имаат една со друга за да се разбираат и поддржуваат. Едвај чекаат да станат мајки“ – пишува E!Online.


27-годишната Јужноафриканка и 33-годишниот бразилски модел започнаа да се состануваат во 2005 година, а се верија во август минатата година.






