Ангелот Кендис Сванапул е незапирлива и во последниот триместар од бременоста.
29-годишната манекенка беше фотографирана на аеродром во Сао Паоло, Бразил, заедно со синчето Анака и свршеникот Херман Николи. На најголем дел од фотографиите, атрактивниот модел на Victoria’s Secret го носи малиот Анака в раце.






















Кендис објави дека е бремена со второто дете во декември минатата година.
Познатата Јужноафриканка и нејзиниот вереник се во врска од 2005 година, а се свршија во август 2015 година. Анака се роди во октомври 2016 година.

