Само што го направи првиот чекор на црвениот тепих, Адријана Лима ги сврти објективите на фоторепортетите кон себе. 35-годишниот модел се појави на втората вечер од Канскиот филмски фестивал во бел фустан и впечатлив накит.
Интересно за нејзиниот стјалинг е тоа што креацијата во која мамеше воздишки е всушност невестински фустан. Венчаницата доаѓа од ателјето на дизајнерот Наим Кан, а Лима ја искомбинира со накит од Шопард и сандали од Стјуарт Вајцман.






















