Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Амбер Херд го очекува второто дете две години откако го изгуби судскиот спор со бившиот Џони Деп

Амбер Херд го очекува второто дете две години откако го изгуби судскиот спор со бившиот Џони Деп

Амбер Херд го очекува своето второ дете.

38-годишната актерка е возбудена што нејзиното семејство ќе се прошири со уште еден член. Таа веќе е мајка на 3-годишната Уна Пејџ, која веројатно ја доби со помош на сурогат-мајка.

Амбер Херд Амбер Херд

Претставник на Амбер ја потврди среќната вест за People.

„Сè уште е рана бременост, па ќе разберете зошто не сакаме да навлегуваме во детали. Доволно е да се каже дека Амбер се радува за себе и за Уна Пејџ“ – рекол претставникот.

Ѕвездата од „Aquaman“ стана мајка во април 2021 година, но со јавноста го сподели тоа три месеци подоцна.

„Пред четири години, одлучив дека сакам да имам дете. Сакав да го направам тоа под мои услови... Се надевам дека стигнавме до точка во која е нормализирано да не сакаш прстен за да имаш бебешко креветче... Мојата ќерка се роди на 8 април 2021 година. Се вика Уна Пејџ Херд. Таа е почеток на остатокот од мојот живот“ – напиша Амбер тогаш.

Амбер Херд Амбер Херд Амбер Херд Амбер Херд

Претходно, Херд 15 месеци беше во брак со актерот Џони Деп. Таа поднесе документи за развод во 2016 година и го тужеше за вербално и физичко насилство. По завршувањето на судењето, Амбер се пресели во Мадрид, каде живее смирен живот со ќеркичката.

Деп и Херд Деп и Херд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20906 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.