Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Актерот Џон Кразински е најсекси маж на светот според People

Актерот Џон Кразински е најсекси маж на светот според People

Најсекси маж за 2024 година е Џон Кразински.

Џон Кразински

45-годишниот актер победи во изборот кој секоја година се организира од списанието People. Тој вели дека воопшто не очекувал да победи во оваа „трка“, па кога дознал бил многу изненаден.

„Веднаш ми се стемни. Мозокот ми се исклучи и имав нула мисли. Освен тоа што можеби мислев дека ме зафркаваат. Вообичаено не се будам со мислата: ‘Дали ова е денот кога ќе бидам избран за Најсекси маж на светот?’ Но, тоа навистина беше денот и вие го направивте тоа. Вие ги подигнавте стандардите за мене“ – рекол тој.

Џон Кразински Џон Кразински

Кразински, кој е познат по улогата во „The Office“, е во брак со актерката Емили Блант и е посветен татко на нивните две ќерки, 10-годишната Хејзел и 8-годишната Вајолет. Тој вели дека многу го цени животот што го има изградено со Блант.

„Прекрасна работа е кога си во брак со некој од кого непрекинато учиш, се менуваш и се развиваш. Среќен сум што минувам низ сето тоа заедно со неа. Сега, со новата титула, мислам дека ќе ме тера да извршувам повеќе домашни обврски. Сигурно ќе ми рече дека треба навистина да ја заслужам титулата дома“ – се пошегува тој.

Џон Кразински Џон Кразински Џон Кразински Џон Кразински

Минатата година за најсекси маж беше прогласен Патрик Демпси, а претходни носители на оваа титула се и Крис Еванс, Дејвид Бекам, Крис Хемсворт, Двејн Џонсон, Адам Левин, Ченинг Тејтум, Бредли Купер, Рајан Рејнолдс, Бред Пит, Џони Деп, Хју Џекман, Џон Леџенд, Пол Рад, Идрис Елба, Џорџ Клуни, Ричард Гир и Мајкл Б. Џордан.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20942 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.