Вчера, во светот се одбележуваше Меѓународниот ден против насилството врз жените.
Во документарен филм за домашното насилство, легендарниот актер Сер Патрик Стјуарт се отвори за трауматските моменти од неговото детство кога татко му бил насилен врз неговата мајка.
Холивудскиот актер, познат по улогите на капетанот Пикард од „Star Trek“ и професорот Чарлс Ексавиер од „X-Men“, изјави дека неговиот совршен живот бил превртен наопаку откако неговиот татко се вратил од служба во Втората светска војна.
„Животот со мајка ми и брат ми беше совршен. Одлично се сложувавме. Немаше расправии или лутење за нешто. Беше прекрасно.“
„Војната заврши во 1945 година, па кога татко ми се врати дома јас имав шест години... и тоа беше страшно. Викањето беше толку гласно, бидејќи имаше длабок глас. Врескав по татко ми да престане кога ја удираше мајка ми, повторно и повторно“ – вели Патрик со емоции.
„Со брат ми станавме експерти во насетување кога започнуваше викањето, знаевме до што ќе доведе тоа и секогаш го знаевме моментот кога започнуваше насилството.“
„Тогаш, ја отворавме вратата и влегувавме во собата, брат ми Тревор, кој беше повисок од мене, се пикаше помеѓу татко ми и мајка ми за тој да не може да ја дофати. Таа тогаш викаше: ‘Не, не, не, ве молам. Не мора да ме заштитувате’“ - раскажа славниот актер.
Стјуарт верува дека неговиот татко Алфред страдал од Посттрауматско стресно растројство (ПТСН) како резултат на војната и дека поради тоа бил насилен кон неговата мајка Гладис.
„Домашното насилство беше нешто за што никој не зборуваше. Па, затоа јас никогаш не кажав никому за тоа. Си го чував за мене. Беше заклучено во мене и се чувствував засрамен. Исто така, се чувствував одговорен“ – изјавил Стјуарт.
@independent Sir Patrick Stewart has opened up about the torrid abuse his father subjected his mother to in previously unreleased footage from the Queen’s domestic abuse documentary. The veteran actor, who has previously told of how his troubled childhood affected him as an adult, spoke about the “shame” and “humiliation” that came with witnessing the violence as a child as he described trying to protect his mother from the abuse. Sir Patrick has advocated for victims of domestic abuse for over a decade and has recently backed The Independent’s Brick by Brick appeal upon its launch in September. #domesticabuse #documentary ♬ original sound - Independent
Интервјуто со Стјуарт беше објавено за да се одбележи почетокот на 16 дена активизам против насилството врз жените и девојките.
Every 10 minutes, a woman is killed by a partner or family member.
— UN Women (@UN_Women) November 25, 2024
NO MORE VIOLENCE.
NO MORE KILLINGS.
NO MORE EXCUSES.
It's on ALL of us.
Join the #16Days of activism against gender-based violence: https://t.co/6pZjw0238g#NoExcuse pic.twitter.com/eb6VtZLYwt