Дени Мастерсон е обвинет за силување на три жени. Ѕвездата од хит серијата „That '70s Show“ можно е добие казна затвор од 45 години.
Според обвиненијата, 44-годишниот актер сексуално ги злоставувал трите девојки, кои тогаш биле во нивните 20-ти години. Силувањата се случувале од 2001 до 2003 година.
Мастерсон ги отфрла сите обвиненија. Тој вчера беше уапсен, но ослободен, откако плати кауција од 3,3 милиони долари.
Дени моментално е во брак со актерката и модел Бижу Филипс. Тие се заедно од 2004 година, а се венчаа во октомври 2011 година. Заедно имаат едно дете – ќерката Фиана.
Во март 2017 година, Дени беше отпуштен од серијата „The Ranch“ откако четири жени поднесоа обвиненија против него за сексуално малтретирање.
Дени го глумеше Стивен во популарната серија „That '70s Show“, која се снимаше токму во годините кога се случувале силувањата.