Адријана Лима заблеска на свечена вечера организирана од брендот Bulgari по повод лансирањето на колекцијата „Calla“.
43-годишната манекенка изгледаше занесно во црна свечена креација која ја надополни со впечатлива чантичка складна на украсниот дел од фустанот.
На настанот во Париз, таа беше придружувана од партнерот Андре Лемерс.
Лима и Лемерс заедно имаат едно дете, 2-годишниот син Сајен. Тие досега немаат потврдено дали се во брак, но на последната премиера на која присуствуваа заедно, Адријана го нарече Андре „мојот сопруг“.
Тие имаат уште по две деца од претходни врски.