Адел имаше емотивен момент во Лас Вегас.
За време на еден од нејзините концерти, 36-годишната пејачка ја виде легендарната Селин Дион во публиката и веднаш започна да плаче. Таа ја прегрна 56-годишната музичарка која претходно, исто како неа, одржуваше концерти во салата. И Селин со насолзени очи ја дочека средбата со Адел.
Потоа, Адел побара публиката да ја награди Селин со аплауз, бидејќи ѝ е една од омилените личности на сите времиња.
Дион во декември 2022 година откри дека се бори со синдром на вкочанета личност (Stiff Person Syndrome) кој ги претвора луѓето во живи статуи.
Двете музичарки никогаш не криеле колку се почитуваат една со друга.
Адел присуствуваше на концерт на Селин во јануари 2018 година, кој го нарече „врв во мојот живот“.
Концертите во Лас Вегас на славната пејачка ќе завршат во ноември оваа година, по што таа најави дека ќе направи голема пауза од музиката за да се посвети на својот живот и на семејството.